Cloud

За нас

Img

Позади IQ Up! образовниот концепт пред сѐ стојат родители со силна желба и волја да ги надополнат предизвиците со кои се соочува традиционалниот образовен систем. Ние сме тим од претприемачи, едукатори, аниматори, инженери, експерти од областа на математиката, уметноста, науката и технологијата.

Подготвени да тргнеме во авантурата која ќе им даде квалитетна едукација, трајни вредности и знаења на нашите деца, го создадовме IQ Up! како дел од групацијата на веќе докажаниот едукативен бренд за деца „Светот на Биби“, кој повеќе години по ред постигнува исклучителни успеси како на домашниот, така и на интернационалните пазари.

Кој, ако не Биби и нејзините другарчиња Боби, Оливер и зазулчињата можат поуспешно и позабавно да ги внесат децата во светот на науката, уметноста и технологијата.

Со цел магичниот свет на науката и технологијата да го доближиме до секое дете во земјава, создадовме и франшиза, која освен што нуди уникатен и модерен начин за образование на најмладите, создава и услови за започнување на веќе успешен и разработен бизнис-модел како во земјава така и во странство!

За што станува збор?

Големите луѓе не се родени големи, тие растат големи!

Во свет во кој нештата се менуваат со молскавична брзина, а традиционалниот образовен систем не успева да нѐ подготви за квалификациите што ќе бидат потребни во иднина, IQ Up! се јавува како иноватор кој има цел да ја пополни празнината. Со многу љубов, посветеност и долго годишна работа, во чиј развој беше вклучен огромен тим од домашни и странски експерти од областа на едукацијата, педагогијата, методологијата, природните и техничките науки, успеавме да создадеме извонреден образовен концепт, кој ги задоволува потребите на сите деца.

Преку нашите иновативни и уникатни техники на учење, каде што ги вкрстуваме проблематиките од најважните теми од образованието, создаваме долготрајно знаење и вештини, кои се применливи насекаде.

Без разлика дали растеме дете што ќе биде програмер, физичар, музичар или уметник, IQ Up! става акцент на процесот на решaвање на проблемите, а не само на сервирање на решението.

Станува збор за сензорно учење, каде преку слушање, гледање и вистинска примена на знаењето, учењето на памет го заменуваме со практично осознавање.