Img
Мислите дека вашето дете е мрзливо, а всушност има проблем да се сконцентрира?

„Секогаш треба да му стојам над глава за да учи.“
„Го интересира сè друго освен задачите.“
Ако се препознавате во овие мисли, не сте сами. Многу родители мислат дека нивното дете е мрзливо, додека вистинската причина може да биде нешто многу подлабоко – недостиг на концентрација, немотивирачка околина или учење кое не одговара на неговиот стил.

Зошто детскиот фокус не трае долго?

Недостигот на фокус не значи недостиг на интелигенција, туку често е последица на начинот на организирање на средината за учење. Кога децата не се вклучени, кога задачите им изгледаат здодевни или не се доволно поврзани со нивниот свет, вниманието се губи, а интересот исчезнува.
Во тие моменти наместо да го разбереме предизвикот, често несвесно го нарекуваме „мрзливост“. Но токму тогаш децата имаат најмногу потреба од поддршка, разбирање и нов пристап.

IQ UP! Едукација во чиј фокус е ученикот
IQ UP! Едукација во чиј фокус е ученикот

Како изгледа учење со смисла и мотивација

Вистинскиот напредок не доаѓа од притисок, туку од вклученост и инспирација. Кога учењето е интерактивно, кога содржината буди љубопитност, а активностите се поврзани со реалниот живот, децата природно покажуваат интерес, вложуваат труд и остануваат фокусирани.
Целта не е децата само да научат, туку и да сакаат да учат. Да разберат зошто нешто е важно, како може да се примени и да се чувствуваат успешни додека учат.

Простор каде што фокусот доаѓа сам по себе

Во IQ UP! пристапот кон децата е темелен на разбирање, индивидуализација и научно докажани методи. Програмите се базирани на СТЕМ-методологија, каде што науката, технологијата, инженерството и математиката се поврзуваат со секојдневни и практични активности.

  • Наставата е дизајнирана така што ја буди љубопитноста.
  • Секоја активност е интерактивна и динамична – децата учат преку игра, движење, набљудување и експериментирање.
  • Средината е стимулативна, без страв од грешка, туку со поддршка и охрабрување.

Во IQ UP! децата се толку вклучени и инспирирани од активностите, што не ни забележуваат дека учат – и тоа со целосен фокус, радост и разбирање.
Кога учењето е игра, а знаењето откритие, фокусот доаѓа сам по себе.

Клучот е средина што поттикнува и мотивира

Ако се прашувате зошто вашето дете нема концентрација, не брзајте со заклучоци. Можеби му е потребна нова средина – каде што ќе се почувствува разбрано, каде што учењето ќе му стане интересно и каде што ќе може да го открие својот потенцијал без притисок.

 

👉 Дознајте повеќе за пристапот и програмите на IQ UP!:
www.iqup.mk

 

УПИСИТЕ се во тек!

Регистрирајте се за бесплатен пробен час: https://www.iqup.mk/stani-mal-naucnik/

или контактирајте нѐ во IQ UP! училишниот центар најблиску до вас:

IQ UP! Аеродром – 070 382 269

IQ UP! Карпош – 078 303 793

IQ UP! Велес – 075 340 443

IQ UP! Битола – 071 318 663

IQ UP! Прилеп – 071 308 446

IQ UP! Охрид – 078 249 507

IQ UP! Кавадарци – 075 733 360

IQ UP! Кичево – 071 777 939

IQ UP! Штип – 075 381 933

IQ UP! Гевгелија – 077 771 708

IQ UP! Струмица – 078 340 709