Во IQ UP!, секој час започнува со приказна. Не со дефиниција. Не со формула. Туку со приказна што отвора врата кон знаењето. Во свет каде што фактите се на еден клик оддалечени, вистинскиот предизвик е како да ги оживееме. Затоа ние во IQ UP! креиравме методологија што ги поврзува науката и литературата, логиката и фантазијата, […]
Во свет кој постојано се менува и сè повеќе се дигитализира, децата растат во средина каде што информациите се лесно достапни, но вистинското разбирање и критичкото размислување се поретки од кога било. IQ UP! одговара на овие предизвици преку иновативен едукативен концепт што ги спојува науката, технологијата, инженерството и математиката (СТЕМ) со – играта. Да, […]
Во срцето на Битола, IQ UP! училишниот центар, предводен од светски признатата учителка Весела Богдановиќ, отвора нови хоризонти за децата кои сонуваат за иднина исполнета со знаење, иновации и креативност. Со уникатната IQ UP! методологија, која ги комбинира најдобрите светски практики од СТЕМ-едукацијата (наука, технологија, инженерство и математика) комбинирано со литература и програмирање, децата во Битола сега […]
Денес, на 11 Мај, го одбележуваме роденденот на големиот научник Ричард Фајнман, еден од најистакнатите умови на 20 век. Ричард Фајнман, еден од најистакнатите научници на 20 век, не беше познат само по неговите откритија во физиката, туку и по неговиот уникатен пристап кон учењето и пренесувањето знаења. Со љубопитноста и страста за разбирање сложени […]
Зошто е важно учењето на програмирање во детската возраст? Во дигиталната ера во која живееме, технологијата стана неразделен дел од секојдневието. Затоа, познавањето на програмирање веќе не е само за IT професионалците. Станува клучна вештина која може да им овозможи на децата да ја разберат и обликуваат технологијата околу нив, наместо само да бидат пасивни […]
Секоја голема приказна започнува со сон. Ние во IQ UP! Македонија, заедно со нашите ученици сонуваме ист сон. Преку квалитетна едукација, знаење, талент, страст и посветеност да му овозможиме на секој наш ученик да го достигне врвот на успехот. Дел од тој сон беше нашите IQ UP! ученици да ги покажат своите таленти и страст […]
Во светот на брзите технолошки промени и неизвесна иднина, секој родител се обидува да го обезбеди најдоброто за своето дете. Во ваков контекст, образованието не би требало да биде само пренос на информации и факти, туку и создавање комплексни вештини кои ќе им овозможат на децата да бидат успешни и компетентни во иднината. Затоа е […]